Во велешката касарна заклетва даде новата генерација професионални војници на АРМ (фото)

Петар Печков

Новопримените професионални војници, дадоа свечена заклетва и на тој начин  се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Церемонијата се одржа во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес.

Заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани упати честитки до војниците кои одлучија да се приклучат во Армијата, институција во која нашите граѓани имаат најголема доверба.

Влегувате во институција која е најпочитувана, најценета, институција која своето реноме го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани. Тоа е факт кој може да се види и во текот на оваа голема здравствена криза. Довербата која ни ја даваат граѓаните, треба да биде мотив да бидете целосно посветени на професијата, но да претставува и одговорност и вие со вашите постапки да продолжите да го чувате угледот на ова наше заедничко семејство –  порача во обраќањето  Хасани

Командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Виктор Еркиќ истакна дека по краткиот период за прилагодување започнува главниот предизвик, а тоа е совладување на основната борбена обука каде што целото свое знаење што ќе го стекнат овде ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на Армијата.

Храброста, патриотизмот, обученоста, чесноста и одважноста се препознаттливи и ценети за припадниците на Армијата. Стекнатите знаења и вложениот труд секако дека понатаму ќе бидат вреднувани и ќе бидат еден од елементите за сите оние кои ја избраа војничката професија како решение за својата иднина кажа Еркиќ. 

Во наредниот период новопримените професионални војници ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно-специјалистичка обука. 

Ова е втора генерација на професионални војници на АРМ кои даваат свечена заклетва во касараната во Велес, по првата во септември лани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати