Петар Печков
Објавено: петок, 04 јули 2025
Во новоименуваниот парк Дејанчо Богдановски во населба Чашка, именуван со одлука на советот на општина Чашка , откриена е скулптура по идејно решение на уметникот Озбек Ајваз насловена како "Гласникот на мирот"
„Пред вас стои скулптура која не зборува со зборови, туку со тишината на металот, со јазикот на раната и сеќавањето. Ова дело го претставува гулабот, универзален симбол на мирот кој во својот клун носи маслиново гранче“ – рече градоначалникот Горан Стојановски.
На скултурата цвеќе положќија членови на семејството и од локалната власт на Чашка.
Скулптурата е создадена од остатоци – парчиња отпаден метал, лим и железо. Тие се материјали кои животот ги оставил зад себе – студени, рѓосани, заборавени. Но токму од тие парчиња, од тие траги на минатото, се роди форма што повикува на мир, сеќавање и почит“ - кажа авторот, македонскиот уметник Ајваз, од Скопје.
Богдановски е македонски бранител, војник на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001.
Богданов е еден од шестемина велешки бранители кои го положиле својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.