Петар Печков
Објавено: петок, 19 септември 2025
Во вчерашната крводарителска акција во ЈЗУ Здравствен дом Велес, беа собрани 23 крвни единици. Ова е трета ваква акција за три години, во оваа здравствена институција. Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.
Од Општинската организација пед еден месец соопштија дека годинашниот план е натрфлен уште во јули. Планот е 1860 крвни единици а до 31 јули биле собрани 1881 крвна единица. Тоа е 21 крвна единица над планот.
фото:ФБ ОО Црвен крст Велес