Петар Печков
Објавено: петок, 05 септември 2025
Велешката полиција информираше за два случаи на пијани возчи, по улиците во Неготино и Кавадарци, кои биле регистрирани вчера. Деталите од билтенот на СВР Велес
„На 04.09.2025 во 14:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.П.(50) од село Корешница, демиркаписко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.89 промили алкохол во крвта“ – соопшти Билјана Ѓаковска, портпарол ан СВФР Велес
„На 04.09.2025 во 19:45 часот, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Кавадарци, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта“ – дополни Ѓаковски.
Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.