Петар Печков
Објавено: вторник, 15 април 2025
Командата за обука и докторина (КОД), како носител на традицијата на пристигнувањето на првиот регрут, на отслужување на воениот рок во македонската Армија, денес во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес го одбележа 15 април – Денот на единицата.
„Изминатите 33 години, оваа Команда мина низ повеќе фази и трансформации, произлезени од потребите на Армијата, иницирани од локалните и глобалните безбедносни закани. Од Команда фокусирана на изведување на основна и специјализирана обука, прерасна во Команда која ја координира, планира и реалзира индивидуланата обука на активниот и резервниот состав. Годинава добивте високи оцнеки за неколку важни активности, Конференцијата на Европските центри за обука –настан кој обедини стотина припадници од 24 армии. Тука е и вежбата „Seven Stars 25“ која се реализраше минатата недела и вежбата „Мејпл арч 24“ која се реализраше минатата година. Овие вежби покажаа дека имате знаење и капацитет во целост да ги извршите зададените задачи. Потоа воениот полигон Криволак, за кого и за натамошен развој вие се грижите и сте одговорни. Неговите капацитети и можности се нашиот адут во НАТО и е еден од најважните приоритеит на Армијата и Министерството за одбрана. До 2028 година Криволак да стане препознаен као европски полигон за обука, со капацитет да прима единици со јачина од бригада.Тест за тоа ќе бдие следната вежба која таму ќе се организира Immedieate response 25, и една од најголемите досега во Македонија“ – кажа генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот на Армијата.
Тој нагласи дека во следниот период КОД ја очекуваат исклучително значајни задачи, реализација на основна обука за за новопримените 300 професионални војници, основен курс за 130 подофицери, подоцна и прием и обука на 60 кандидати за вработување како офицери за потребите на Министерството за одбрана. Тоа говори за обемот на работа но и довербата која ја има Генералштабот во КОД.
Пред бројните гости се обрати и командантот на КОД, генерал мајор Лулзим Нуредини.
„КОД е движечка сила за индивидуалната и на колективната обука, развојот на доктрини, овозможувајќи и на Армијата да ги исполнува, своите стратешки задачи. Изминатиот период успешно релизираше голем број на задачи како –обука на 450 новопримени професионални војници, курс за подофицери со 60 кандидати, различни форми на обука на 150 питомци, јазична обука преку специјализирани обуки со 120 слушатели. КОД за успешна реализација на програмата во иднина ќе биде отворена за соработка, со сите единици на Армијата, како и со државните и локалните институции“ – кажа Командантот на КОД, бригадниот генерал Лулзим Нуредини.
Во продолжение од свеченоста, се одржа вежба со кучиња, кои се дресирани од лица вработени во Центарот за одгледување и дресура, при КОД.
Првиот војник кој како регрут на АРМ е велешанецот Панче Јамaндиев кој три дена порано, наместо на 15 се јавил на служење војска на 12 април, во касарната во Охрид.