Во Велес отворен шалтер за дигитални услуги

Петар Печков

Денес во Велес беше отворен шалтерот за дигитални услуги, кој е лоциран во   Граѓанскиот  сервис центар. Преку него граѓаните на Општина Велес, кои немаат можност,  можат електронски да ги добијат 47-те услуги кои локалната власт ги нуди.  

Локалната власт е најблиска форма на власт до граѓаните и тие најчесто се обраќаат до неа за сите работи за кои се засегнати.  За среќа имаме 47 електронски услуги кои ги нудиме на граѓаните.  Беспрекорно функционира системот за електронска дозвола за градежно земјиште и со новите услуги  ќе им овозможиме на граѓаните да добијат побрза и поквалитетна и поевтина услуга, без оглед во кој домен, дали се во надлежност на локалната или централната власт. Тука  на шалтерот за дигитални услуги, ќе може да се обраќаат граѓаните, особено пензионерите кои од дома не можат да ги завршат тие работи, службениците да им помогнат и да ги остварат - изјави градоначалникот Аце Коцевски. 

Во овие контакт точки во сите општини, граѓаните кои немаат корисничко име и лозинка  од  УЈП со кое може да се најават  на услуги.гов.мк. тука треба да дојдат да го активираат и добијат електронски идентитет и да добијат дополнителни информации како да ги користат електронски услуги -рече министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати