Петар Печков
Објавено: вторник, 18 ноември 2025
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, денес на повеќе локации во градот реализирале превентивна активност на тема „Последица од управување технички неисправно возило“.
„Целта на активноста е да се влијае на подигнувањето на свеста за важноста од управувањето на техничко исправно возило и значењето на редовните проверки и одржување на возилата. Анализите покажуваат дека исправноста на возилата е значаен фактор што влијае на безбедносната состојба во сообраќајот. Со редовното одржување и контрола на техничката исправност на возилата, се подигнува сообраќајната култура и се намалува ризикот од сообраќајни незгоди“ – соопшија од МВР.
Оваа активност била дел од одбележувањето на 16 ноември - Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, а во рамки на кампањата „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртви“.
Во рамки на активноста бил поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
фото МВР
