Воените возила на армија на САД и АРМ претставени пред велешани (фото)

Петар Печков

Шест воени  возила на војската на САД и на  Армијата на Македонија беа дел од неделната презентација.  

Оваа активност на двете армии беше во рамките на вежбата „Draggon Guardian 17“  која започнува денес на полигонот Криволак,  односно во рамки на цивилно- воената соработка меѓу двете земји.

На паркингот и игралиштата позади   Гимназијата  во Велес  беа презентирани воени возила и други воени средства на армиите на Македонија и на САД.  

Велешани со голем интерес  и љубопитно  ги разгледуваа одблиску воените возила некои од    нив и се фотографираат за спомен со американските и македонските војници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати