Петар Печков
Објавено: среда, 28 декември 2022
Велешката противпожарна единици доби ново возило. Тоа е едно од четирите кое беше доделено на дел од градоначалниците од Вардарскиот регион. Освен Велес, вакви возила добија и Кавадарци, Неготино и Свети Николе.
Вкупната вредност е 32 милиони денари а Министерството за локална самоуправа обезбеди 24, додека четирите општини заедно осум милиони денари.
Министерот Пенов најави дека со оваа инвестиција се продолжува да се обновуваат Територијалните противпожарни единици во Македонија.