Велешка болница со два нови апарати, за ортопедија и за урологија

Петар Печков

Велешка болница доби два нови современи  апарaти, чие започнување со употреба го означи министерот за здравство Арбен Таравари. Апаратите се наменски за одделите за ортопедија и за урологија.

„Тука сме за убав повод. Обезбедени се два нови апарати, еден артроскоп за ортопедски интервенции и еден хируршки ласер за уролошки интервенции, ендоскопска метода. Продолжуваме како Министерство за здравство, не само во клиниките во Скопје, туку и во внатрешноста, во општите болници, да обезедуваме апарати кои биле побарани од докторите и се неопходни и овозможуваат олеснување на начинот на интервенција. Со овие два апарати овозможуваме пациентите да се операират со не многу инвазивна метода. И да престојуваат во болница ден или два што е тренд во светот.Така и се намалуваат трошоците на Фондот за здравство“ – кажа министерот Таравари.

Артроскопски столб со 4К резолуција нуди  побрзи и поквалитетни ортопедски и трауматолошки процедури за операција на зглобови, како и хирушки тулиум ласер за операции на простата и калкулоза во уринарен тракт.

Директорот на болница Александар Бузалков се заблагодари на донацијата и новите апарати.

„Благодарност што Министерството препозна потенцијал на хируршкото одделение и благодарејќи на барањето oд докторите, овие услуги ќе бидат достапни на пациенти од цело Повардарие, бидејќи велешката е како регионална болница. Лани ортопедија имала преку 400 интервенции, урологија 90 вакви операции“ - рече Бузалков.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати