Велешанка со автомобилот излетала од автопат Штип -Миладиновци

Петар Печков

Велешанка се здобила со тешки телесни повреди, откако автомобилот кој го управувала, излетал од автопатот Штип – Миладиновци. Деталите од билтенот на МВР.

„На 30.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, во атар на сeло Сушица, општина Петровец, патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-  информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, по што треба да бидат познати причините за излетувањето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати