Велешанецот Тодор Гравчев е државен првак во бодибилдинг во тешка категорија (фото)

Петар Печков

Велешанецот Тодор Гравчев е државен првак во боди билдинг во тешка категорија, над 90 килограми.  Активно се бави две години со овој спорт, кој во Велес и нема традиција.  Државното првенство се одржа во Скопје во салата Борис Трајковски. 

„Тренирам пет дена во седмицата, понеделник до петок, по час два. Претходно осум сум на работно место. За многумина несфатливо, бидејќи во текот на работно време да имаш физичка активност а потоа да се посветиш на себе е несвојствено. Тренирам во теретаната 777, настапувам индивидуално, немам клуб , не сум член на некое здружение. Таму тренирам и други корисници, кои доаѓаат во теретаната“ – вели Гравчев. 

Претходно, пред да стана државен првак, во квалификации се здобил со право да настапува за македонската репрезентација и учествувал на Балканското првенство во Истанбул, кое се одржало во април, во Турција. Нема спонзори, како други натпреварувачи, сам се спонзорира, обезбедува средства за тренинг, за создавање на маса на телото. 

„Не користам хемија, препарати при работата, се е природно. Почнав со фудбал, па отидов на индивидуални спортови, карате.  Почнав со боди билдинг, заради менталното здравје. Заседнав дома, ставив килограми, се поправив. Со спорт  геенрално се бавам од 20 години, нешто со паузи, нешто активно. Сакам овој спорт-бодибилдингот да се популаризира, младите да се бават со него, да добие внимание кои го заслужува“ – кажа Гравчев. 

фото приватна архива Гравчев

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати