Велес е при врвот во Македонија според јавни зелени површини по м2 за жител

Петар Печков

Градот Велес е при врвот во Македонија, според јавни зелени површини во метар квадратен  по глава на жител, согласно пописот од 2021 година.  Тој има со 9м2 заедно со Неготино, пред нив се на врвот Македонска Каменица со 15м2 по глава на жител, а по неа следат Град Скопје и Демир Капија со 10м2. 

Со извршениот увид во ГУП-овите, за намена Д-зеленило, рекреација и меморијални простори Генералниот урбанистички планов  на општина  Велес ги исполнува стандардите за зеленило пропишани со Правилникот. 

Процент на планирано зеленило согласно актуелниот генерГУП за Велес е 16,3 отсто што е во рамките на потребите за среден град од 15 до 20 отсто. Ова се податоци кои Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги ојбави во нивната студија по наодите за „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“.

Седум општини имаат донесено одлука за наплата на надоместок за подигање и одржување на јавни зелени површини меѓу нив и Општина Велес за наплата на надоместокот од физичките и правни лица по 0,90 денари по м2 покриен станбен или деловен простор.
Само 7 општини наплатуваат комунална такса за користење на јавни зелени површини, меѓу нив и Велес.

Во 19 општини во земјава воопшто не се поведени постапки по основ на Законот за урбано зеленило, а од оние во кои се поведени постапки само во пет општини се изречени казни Велес,   Битола,  Град Скопје, Кочани и Охрид.

Забелешка е што Велес нема Зелен катастар. Во Република Северна Македонија од 34 општини со седиште во град само три општини -Град Скопје, Кавадарци и Охрид, имаат воспоставено Зелен катастар во форма на ГИС портал а две општини -Битола и Прилеп имаат направено инвентарисување на дрвја и грмушки.

Во дополнение на овој ревизорски зивештај ДЗР ги прецизира термините, за да нема дилеми како е дојдено до овие бројки.

Под урбано зеленил осе подразбираат зелените површини во границите на планскиот опфат на урбанистички план, како и зелените површини во непосредна близина на градот, надвор од планскиот опфат, кои со посебен акт се дадени под надлежност на општините со седиште во градот, како парк-шуми, спортско- рекреативни центри и друго. Тие влијаат на изгледот на градот, обезбедуваат разновидност и ги оформуваат структурните и функционалните елементи кои ги прават градовите и урбаните региони подобри за живот на граѓаните. Нивното витално значење не е само поради еколошката функција, туку и за влијанието кое го имаат врз здравјето на граѓаните, социјалната благосостојба, економските придобивки и ширењето на идеи за одржливост. Урбаното зеленило опфаќа јавно зеленило и останато зеленило. Јавно зеленило се зелените површини или земјиштето наменето за озеленување, со основна намена да бидат урбано зеленило.

Останато зеленило се зелените површини или земјиштето наменето за озеленување, кои претставуваат придружна содржина на други основни намени, а се во сопственост на физички и правни лица или се дадени на нивно користење како што се дворови на јавни установи училишта, градинки, станбени објекти и куќи, комерцијални и деловни единици, угостителски објекти, кровни тераси и вертикално зеленило на фасади, ботанички градини и зоолошки градини, како и меморијалните паркови и гробишта. За одржување на останатото зеленило не е задолжена општината.

Со цел правилно планирање и одржување на зелените површини потребно е секој град најнапред да направи инвентарисување на сите зелени површини, дрвја и грмушки и да изработи Зелен катастар на подрачјето на општината односно градот и истиот редовно да го ажурира со податоци и да го направи достапен за јавноста.

Генералниот урбанистички план се донесува за населено место – град за плански период од 10 години, а деталниот урбанистички план е план од пониско ниво на планирање чии што граници се утврдени со генералниот урбанистички план и служи за негово разработување и спроведување,  со плански период од 5 години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати