Вежба, пожар во средното училиште Коле Неделковски

Петар Печков

Учениците од Државното средно училиште Коле Неделковски, имаа вежба, како да се справат со реална ситуација, кога има пожар во објектот. За таа цел се одржа показна вежба на тема „Начин на однесување во кризни ситуации“. Или конкретно евакуација од пожар, три ученици се повредени и нивно спасување и укажување на прва помош. 

„Целта на вежбата е учениците да се запознаат со начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање“ – потенцираа од раководството на училиштето.

Во активноста учествувале СВР Велес, Територијалната противпожарна единица Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес, Дирекцијата за заштита и спасување и екипата на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, како и учениците и вработените од училиштето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати