Петар Печков
Објавено: среда, 19 ноември 2025
И учениците од Хемиското средно училиште Димитрија Чуповски, имаа вежба, како да се справат со реална ситуација, кога има пожар во објектот. За таа цел се одржа показна вежба на тема „Начин на однесување во кризни ситуации“. Или конкретно евакуација на учениците и вработените од училиштната зграда.
„Целта на вежбата беше проверка на способноста за брза и организирана евакуација на ученици и персонал, тестирање на алармниот систем, евакуациските патеки и обуката на наставниот кадар, унапредување на координацијата со Територијалната противпожарна единица Велес и Црвен крст Велес како и реагирање при симулирана опасност со „повредени лица“ – информираа од раковдството на училиштето.
Во активноста учествувале и вононтери од Општинската организација на Црвен крст Велес.
фото: ССОУ Димитрија Чуповски Велес
