Петар Печков
Објавено: недела, 03 мај 2026
Вевчанец кој управувал автомобил марка „БМВ“ на автопатот делница Неготино – Градско возел скоро двојно повеќе од максимално дозволената брзина. Но освен што не сопрел на полицијата, тој побегнал. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 02.05.2026 во 18:00 часот во Градско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.Ј.(41) од Вевчани. При контрола со радар на автопатот Неготино – Градско, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило БМВ со вевчански регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 120 километри на час, но тој не запрел на даден знак и продолжил да се движи со возилото“ – соопшти Ана Милевска Ѓоргиева, портпарол на СВР Велес.
По преземени мерки возилото и возачот биле пронајдени, а по насоки од јавен обвинител Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
