Петар Печков
Објавено: вторник, 17 февруари 2026
Нивото на реката Вардар низ Велес порасна на два метри, два сантимитри повеќе од вчера. Ова е податок од хидрометеорологија на УХМР, измерени утрово во 7,30ч. на мерно место Стар мост. Забележливо е што има заезерување на двете рaкли, носачи на Стар мост.
Според нивото на реката Вардар северно од Велес, како и на притоките Трекса и Пчиња, сите се во намалување, за очекување е дека и во денот, денес вторник а и утре нивото во Велес ќе се намалува. Највисоко ниво есенва и зимава е забележано во четвртокот со 223 цм. Просекот за Велес за февруари е 89 цм.
И нивото на реката Бабуна низ Богомила е стабилно но високто, утрово се измерени 46 цм а вечра беше 48 цм. Просекот е 16цм.
