Петар Печков
Објавено: недела, 30 ноември 2025
Велес претпладнево со највисок водостој годинава. Според УХМР хидрологија во Велес, на мерното место Стар мост биле измерени 212 см.
Оваа највисока кота е резултат на високиот водостој на реката Пчиња, бидејќи Вардар северно не е со толку висок водостој, туку напротив во опаѓање.
Се очекува попладнево Вардар низ Велес да биде во опаѓање. Овој висок водостој засега не предивика проблеми во крајбрежјето на реката низ велешко.
