Петар Печков
Објавено: вторник, 16 септември 2025
Нивото на реката Вардар низ Велес со големи осцилации за седум дена. Ако на 10-ти септември беше 6 цм, за на 13 септември, сабота, да се искачи на 40цм. Вчера, понеделник беа измерени според Управата за хидрометеоролошки работи само 4 цм. Просекот за месец септември е 40 см. Мерното место за протекот на реката низ Велес, е на Стар мост.
Нивото на реката Вардар во Скопје и во Демир Капија овие денови просекот и нема големи отстапувања. Исто е и со најголемата притока во овој дел, Пчиња, која е во рамките на просекот.
Затоа пак реката Бабуна во овој период има натпросечно ниво, се движи околу 17/18цм, за вчера понеделник и неколку дена наназад во Бобомила, каде е мерното место, се измерат 20 цм. Просекот за септември на протокот на реката е 2 цм.