Петар Печков
Објавено: среда, 14 јануари 2026
Нивото на реката Вардар низ Велес се намалува, но и натаму е со висок водостој, безмалку со кејот. Според хидрологија на УХМР утрово се измерени 168 см. десетина помалку од претходните денови. Просекот за јанаури е 86 цм.
Нивото на Вардар северно од Велес е непроменето во однос на претходните денови исто како и на притоките Треска и Пчиња, што ќе рече дека не се очекува намалување на нивото низ градот. Влијание има и зголемениот испуст на хидроцентаралите Вруток и Матка.
Денес нема податок колкаво е нивото на реката Бабуна низ Богомила. Вчера било 30 цм. а просекот за јануари е 15цм.
