Петар Печков
Објавено: недела, 15 февруари 2026
Традиционално, годинава по 33 пат се одржана манифестацијата „Вешта жена за град Велес“ за 2026 година. Учествуваа три натпреварувачки Билјана Тодевска, Јулијана Павлова и Викторија Јовев. Тие ја покажаа креативноста и умешноста. Победи Билјана Тодевска која ќе го претставува град Велес на републичката манифестацијата во мај месец во Тетово.
Манифестацијата придонесува кон афирмација на жените во областа на кулинарството и слаткарството, нивно економско зајакнување и охрабрување за започнување на сопствен бизнис.
На годинашниот настан натпреварувачките подготвија предјадење, главно јадење, десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата, икебана, а жирито заедно со присутните гости ја избраа за најуспешна Тодевска.
Имаш и две маси за Гран При, подготвени од Весна Андова и Силвана Мудроња.
Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“. Организација е на Вешта жена и Организацијата на жени Велес.
фото ФБ Вешта жена
