Базенот се помалку популарен

Петар Печков

   Градскиот базен во Велес бележи намалена посетеност. Од година во година бројот на посетители опаѓа. Ова го покажуваат бројките кои неодамна ги презентираа од Здружението за безбедност на вода и планина,,Македонски спасител,, кои преку летната сезона беа ангажирани на објектот. 

Бројките покажуваат дека во овој четиригодишен период, како тие се присутни таму, има драстично опаѓање на посетители. Во 2011-та има 83 илјади, во 2012-та 59 илјади, лани 47 илјади а годинава 40 илјади или двапати помалку отколку пред четири години. 

Или според проценките на ,, Македонски спасител, во овие четири години Базенот го посетиле 230 илјади лица,  или по 656 дневно. Во прилог дека се помалку велешани доаѓаат на овој рекреативен објект покажува и фактот што од годинашниве 22 давеници половината не се од Велес, туку гости од други градови.

Илустративно е што во првата година од работата на Македонски спасител на базенот имале најмалку интервенции, додека лани кога имало најмалку посетители имале најмногу работа. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати