А1 го доби тендерот за да постави видео надзор на спортско –рекреативните центри во градот

Петар Печков

Потпишан е договорот, по јавниот повик за инсталирање на видео опрема на новоизградените спортско –рекретивни центри во градот. Висината на инвестицијата е околу еден милион денари, која опфаќа набавка на видео камери, инсталација и нивно поставување. 

„Видео надзор А1 го доби тендерот за поставување на видео камери на четири локации.  Склучен е договорот и ќе започне да се инсталира“- кажа градоначалникот Марко Колев, одговарајќи на советничко прашање, на поселдната седмица. 

Во наредниот период ќе бидат под видео надзор,  новите спортско рекреативни центри во Дворови, Тунел, кај Гимназијата и на ОУ Васил Главинов.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати