Археолозите го открија првото „уметничко студио“, кое датира од пред 43.000 години

Петар Печков

Научниците во неодамна откриената пештера во близина на етиопскиот град Дире Дава го утврдиле најстарото „уметничко студио“ во светот.

Пештерата Порк-Епик била откриена од Пјер Тејхард де Шардин и Хенри де Монфрајд во 1929 година и се смета дека датира од пред 43.000 до 42.000 години, од средното камено време.

Во оваа пештера археолозите пронашле 4.213 парчиња и околу 40 килограми окер, најголемата колекција некогаш откриена на праисториска локација во Источна Африка. Древните посетители на локацијата ги обработувале камењата богати со железо со лупење и мелење на суровините со цел да произведат ситен и светлоцрвен прав, супстанција корисна за симболички активности, како што е цртање по телото.

Со други зборови, оние што ја користеле оваа пештера богата со окер, ја користеле за да ги произведуваат своите алатки кои функционирале како боици.

Етиопскиот локалитет содржи толку многу окер, па всушност местото може да се толкува како израз на кохезивна културна адаптација, во голема мера споделена од сите членови на заедницата и постојано пренесувана низ времето.

Повеќе докази од места како пештерата Порк-Епик би можеле да обезбедат високо ниво на детали преку кои би можеле да составиме приказна не само за уметноста туку и за самата култура. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати