Петар Печков
Објавено: четврток, 24 април 2025
Премиерно пред велешката кино публика во Киноверзум се прикажува „Книговодител 2“. Двојниот оскаровец Бен Афлек и Џон Бернтал се враќаат во напнато и полно со акција продолжение на големиот хит Сметководител. Оттуѓените браќа, спротивни во секој поглед, мора да ги занемарат своите несогласувања и да здружат сили за да разоткријат смртоносен заговор. Со генијалноста на Афлек и сировата енергија и харизма на Бернтал, ова долго исчекувано продолжение ќе ви пружи напнатост и возбуда до самиот крај.
Американскиот цртан филм „Денот кога Земјата експлодираше“ е исто така премиера. Прасето Гицко и паторот Дачо откриваат дека популарната матика за џвакање е контаминирана, а зад сето тоа стои зол вонземјанин со план да ја уништи Земјата. Тие се единствената надеж на Земјата кога се соочуваат со заканата од вонземска инвазија.
Трет филм кој е на репертоарот е мега хитот Мајнкрафт, кој еден месец се прикажува во Киноверзум.