Автомобил излетал во кањонот кај Ветерско, една жена од шестте патници се здобила со политраума

Петар Печков

Вчера, четврток на пладне автомобил околу 13ч. марка сеат управувано од велешанец со шест патници, сите велешани, излетало од автопатот А1, делница Велес - Скопје кај  црквичето за Ветерско. Една од сопатничките се здобила со политраума, сериски скршеници и е пренесена на Клинички во Скопје.

„На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат" кое што било управувано од К.С (68 год) од Велес и во истото имало пет сопатници. Возачот и лицата сопатници се успешно извлечени и истите се пренесени во Ургентен Центар во Велес “ – соопштија од МВР.

На место на настанот се упатени и една екипа  со возило од  Територијална противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итна медицинска помош од Скопје и една екипа на ЈП Македонија Пат.

„Околу 15ч. примени се шест повредени лица во сообраќајка на автопат. Петте лица се со лесни телесни повредени а  кај една жена, по извршни  снимања, констатирани тешка телесна повреда, отворена скршеница на подлактница и  повеќе скршени ребра. Дадена неопходна здравствена нега и упатена на Клиника во Скопје“ – информира д-р Анамарија Џунџева портпарол на  ЈЗУ Општа болница Велес.

фото МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати