Авантурата „Како да го дресирате вашиот змеј“ премиерно во Киноверзум

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот нa Киноверзум Велес, наредните седум дена, eден е премиерa трите се меѓу најгледаните во светот. Играната верзија на филмот КАКО ДА ГО ДРЕСИРАТЕ ВАШИОТ ЗМЕЈ, произведен од DreamWorks Animation,  ја редефинираше популарната франшиза. На непристапниот остров Бер, каде Викинзите и змејовите со генерации живееле како лути непријатели, Хикап ( Мејсон Темс, Црниот телефон) стои по страна. Иако е иновативен и син на старешината Стоик Велики ( Џерард Батлер, кој го позајмува гласот на овој лик во анимираната франшиза) Хикап е занемарен. Меѓутоа, тој и’ пркоси на вековната традиција и станува пријател со Беззаб, страшниот змеј Ноќна фурија. Нивната неверојатна врска ја открива вистинската природа на змејовите, со што ќе се разнишаат и самите темели на викиншкото општество. Со храбрата и амбициозна Астрид ( Нико Паркер) и чудниот селски ковач Гобер ( Ник Фрост, Снежана и ловецот) на негова страна, Хикап се соочува со свет кој го разоруваат страв и неразбирање. Ненадејно, се појавува древна закана која ги загрозува и Викинзите и змејовите и пријателството на Хикап со Беззабиот станува клуч за создавање на нова иднина. Заедно, тие ќе мораат да тргнат по несигурен пат кон мирот, воздигајќи се над границите на своите светови и давајќи му нова смисла на тоа што значи да се биде херој и лидер. Инспирирана од серијалот бестселери на Њујорк Тајмс кои ги напиша Кресида Ковел, франшизата на Дримворкс КАКО ДА ГО ДРЕСИРАТЕ ВАШИОТ ЗМЕЈ ги освои срцата на гледачите на целата планета, имаше четири номинации за Оскар и заработи над 1,6 милијарди долари на благајните на кино салите. Сега, благодарение на феноменалните специјалните ефекти, Својата сакана франшиза Деблоа ја трансформира во игран спектакл кој го запира здивот и ги оживува, со неверојатен реализам, епските авантури на Хикап и Беззабиот, додека го откриваат вистинското значење на пријателството, храброста и судбината.

Трилерот „Балерина“ за млада жена  која бара одмазда против луѓето што го убиле нејзиното семејство. Филмот е петтиот дел од франшизата за Џон Вик, кој служи како спин-оф сет помеѓу настаните на Џон Вик: Поглавје 3 – Парабелум и Џон Вик: Поглавје 4.  

Хоророт „Кловн во полето со пченка“.Станува збор за адаптација на романот „Кловн во полето со пченка“ од Адам Чезаре од 2020 година. Квин и татко ѝ се селат во малиот, здодевен град Кетл Спрингс, но не се свесни дека откако ја затвориле фабриката Бејпен, градот е поделен на два дела. Од една страна се возрасните, очајни повторно да го направат Кетл Спрингс прекрасно место. Од другата страна се младинците што сакаат забава и да го напуштат Кетл Спрингс. Судирот помеѓу нив се заканува да го уништи градот... Сѐ додека Френдо, маскотата на фабриката Бејпен, морничав кловн, не стане убиствено настроен и не се обиде да го „исчисти“ градот од „расипаното“ поколение младинци што сега живее таму.  На репертоарот се и Лило и Стич, дело на студиото Дизни, најгледан филм во светот изминатите три  седмици, по премиерата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати