ЈПВ Лисиче набави нова метеоролошка станица за браната Лисиче

Петар Печков

ЈПВ „Лисиче” -Велес  постави нова метеоролошка станица на браната  Лисиче. Новиот систем за мониторинг  ги следи параметрите  брзина и насока на ветер,  температура на воздухот и влажност на воздухот,  мерење на врнежи,  атмосферски притисок, соларна радијација.

„Податоците од метеоролошката станица се интегрирани и прикажани во SCADA системот, што овозможува континуиран мониторинг и анализа на параметрите во реално време. Дополнително, податоците се складираат во база на податоци од моментот на поставување на станицата, што овозможува долгогодишно следење и анализа на метеоролошките услови и трендови.“ – информираа од ЈПВ Лисиче.

Оваа метеоролошка станица ќе ги  обезбеди сите потребни податоци за мониторирање на метеоролошките услови, што е клучно за ефикасно и безбедно управување со браната.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати