Неделна еко акција до Вршник „Остави трага, не ѓубре“, време е да ја покажеме љубовта кон природата

Петар Печков

Педесетина велешани денес, недела  неколку часа, на пладне минаа во чистење на околината на градот. Почнувајќи од ресторанот Аркадија, во населба Тунел па до Вршник.

Акцијата беше насловена „Остави трага, не ѓубре“, време е да ја покажеме љубовта кон природата. Тие се посветија на чистење од отпадот, кој некој друг го оставил. При тоа беа собрани 50-тина вреќи со смет и еден трактор со габаритен отпад, санитарни шолји, бојлер, мебел...

Организатор на настанот беше Здружението за обука и едукација на пилоти на дрон, „Droneinspect“ од Велес.

фото Горан Алексов

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати