Петар Печков
Објавено: сабота, 20 декември 2025
Четврти ден велешани дишат екстремно лош амбиентален воздух. Ова е квалификацијата за квалитетот на воздухот во Велес, објавена од Министерството за животна средина а според измерените вредности. Вчера петок биле измерени 132,1 мг/м3 ПМ 10 честички, четвртокот 135,5 мг/м3, во средата 137,9 мг/м3 а во вторникот 125,4 мг/м3.
Инструментите на мерното место Велес 2 на Министерството за животна средина се лоцирани во населба Тунел, во дворот од градинката.
Во попладневните часови 14-16ч. кога е сообраќјниот пик има највисоки часовни вредности на азотдвеоскид. NO₂ е загадување од сообраќајот, ги погодува срцето и белите дробови. Срцевите заболувања и дијабетесот се најчести последици.
И покрај лошиот воздух кој го диѓат велешани, нема зголемен број напациенти кои се жалат на тегоби од него.
„Од евиденцијата нема значително зголемена бројка на болни поради загадениот воздух. Но може да се очекува во наредниот период како последица“ – кажа д-р Славица Нешова Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Остануваат препораките од локалната власт, која е должна да ги информира граѓаните кога два последователни дена има повисоки концентрации од 100 мг/м3. А во Велес тоа е случај со четири дена.
Да користи јавниот превоз
Возила да не се користат без поголема потреба
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време по потреба
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено
Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците .
Да се одложат сите активности на отворено
