Фалсификување на пари

Петар Печков

Двајца велешани се фатени како печатат и дистрибуираат  фалц денари, за што полицијата им поднесе кривични пријави за фалсификување на пари а  истражниот судија им изрече мерка притвор. Л.Ј. ( 19 год) ги  изработувал лажните пари во неговиот дом, на компјутер и печатар додека неговиот другар Ф.Ј. ( 22 год) бил задолжен парите да ги дистрибуира низ градот.

Тој истите ги пуштал во промет во такси коли, продавници, киосци, играчници. Парите не завршувале само во Велес, туку и во Битола, Кичево, Струмица, Штип. Полицијата се сомнева дека ваквото дело е сторено 16 пати. При претресот во домот на Ј.Д. пронајдени се 200 примероци на пари од илјада денари и 80 од по 500 денари. Истите се предадени на Народна Банка – дирекција за трезорско работење, за комјутерската техника со која ги изработувале денарите е одземена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати