Трет ден воздухот во Велес со високи концентрации на ПМ10, ПМ2,5 честичките и азотдвеоксид

Петар Печков

Tpeт ден велешани дишат екстремно лош амбиентален воздух. Ова е квалификацијата  за квалитетот на воздухот во Велес, објавена од Министерството за животна средина а според измерените вредности. Вчера четврток ПМ10 честичките  биле  135,5 мг/м3, во средата 137,9 мг/м3 а во вторникот 125,4 мг/м3.  

Вчера четврток измерени се високи часовни вредности на ПМ2,5 честичките   кои се најсмртоносниот непријател. Фините честички навлегуваат длабоко во белите дробови и дури во крвотокот. Во Европа во 2023 година од PM2.5 се предизвикани: 206.000 смртни случаи во 40 земји.

Од ден во ден се повисоки се часовните вредности на N02. Без исклучок пикот е во периодот 15-16 часот кога има најинтензивен сообраќај.    NO₂ — загадување од сообраќајот, ги погодува срцето и белите дробови. Само во ЕУ има 34.000 смртни случаи во 2023.  Срцевите заболувања и дијабетесот се најчести последици.

Општина Велес  со препораки за граѓаните, апелираат жителите на жителите на општина Велес
Да користат јавниот превоз
Возила да не се користат без поголема потреба  
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време по потреба
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал 
Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено 
Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците . Да се одложат сите активности на отворено

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати