Сашко Најдов го фати крстот на Водици

Петар Печков

Сашко Најдов (21 год) од Велес го фати крстот во водите на студената и надојдена река Вардар во Велес.

Крстот беше фрлен од Мало мовче во присуство на неколку илјади верници и граѓани на Велес а по него скокна 40-тина храбри и смели момчиња. Сашко доби подароци од Владиката Агатангел златно крвче, општина Велес ДВД плеер, ЈКП Дервен телевизор, и десетина други фирми. Нему му успеа по прв пат да го фати крстот, во вториот обид откако лани го сторил истото.

Најдов е вработен во Жито маркети, неженет и со неговите другари доаѓа од месноста  Солено Чешмиче. Најдов ќе има можност во следните 40 дена да мине по домовите на велешани а тие го даруваат затоа што успеа на Богојавление - Водици да го фати крстот.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати