Поради присуство на вирус кај пастрмката во Бабуна, не се пориби оваа река

Петар Печков

Присуството  на вирусно заболување кај пастрмките во река Бабуна беше причината зошто не се изврши порибување на оваа река, на истекот од мината година. Ова е информацијата од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако во средата пред Нова година, Здружението на спортски риболовци „Бабуна “од Велес, објави дека порибени се езерото Младост, реките Тополка и Вардар, но не и реката Бабуна, поради препорака од страна на  АХВ.

Заради потврдено присуство на причинителот на болеста инфективна хематопоетска некроза (ИХН) кај пастрмките а со цел спречување на ширењето на болеста  и во други одгледувалишта на риби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде решение со кое нареди спроведување на заштитни  и контролни мерки,  ограничување на движењето и ставањето во промет на животните од аквакултурата. Сите одгледувалишта каде е потврдено присуството на болеста ИХН кај пастрмките, се прогласени за заразени и се категоризираат во категорија  V, со високо ниво на ризик. Болеста инфективна хематопоетска некроза кај пастрмките претставува вирусно заболување, но не е зооноза, односно, не е опасна по здравјето луѓето - соопштија од Агенцијата за храна  и ветерина.

Дополнија дека спроведувањето на активностите за порибување на река Бабуна е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но, поради појавата на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство издала препорака порибувањето да не се спроведува.  Затоа количините на пастрмка со тежина до 70 грама,  што беа предвидени за река Бабуна, ЗСР „Бабуна“ ги  пушти во река Тополка.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати