Пет дена не работеа мерните инструменти за квалитетот на воздухот во градот

Петар Печков

Пет дена велешани не знаеја каков е квалиетот на воздухот во градот. Толку дена мерните инструменти на Министерството за животна средина не ги покажуваа резултатите. Од вчера тие се повторно во функција. Од МЖСПП кажаа дека имало технички проблем.

„Од петокот попладне (21.02.2025г.) во мерното место Велес појавен е технички проблем во мерната станица за квалитет на воздухот, во инструментот за прибирање и пренос на податоци. Службите на Македонскиот информативен центар за животна средина веднаш интервенираа при што дефектот е отстранет и веќе од вторникот(25.03.2025г) податоците се јавно достапни“ – информираа од МЖСПП на поставеното прашање од ТрМр.

Од 26 дена во месец февруари, во 21 дена се извршени мерења и осум дена вредностите биле над граничните од 50 мг/м3.И локалната власт и еколошките граѓански здруженија бараат во Велес уште една мерна станица, заради реално да се претстави квалитот на воздухот во градот, оти постјната е во дворот на градинката во населба Тунел. Стариот дел и центарот на Велес,  се без мерен инструмент а 70 отсто од загадувањето во градот  е резултат на домаќинствата, на греењето, 20 на сообраќајот и 10 на индустријата.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати