Општина Чашка набави 39 контејнери за отпад

Петар Печков

Општина Чашка набави 39 пластични контејнери за собирање на смет. Истите се преку проект со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.  Набавени се 39 контејнари со големина од 1,1 метар кубен. Вкупната вредност на  проектот насловен „Чиста Чашка“ за набавката е  414.180 денари.

„Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри начинот на собирање на комуналниот отпад на територијата на Општина Чашка. Тој ке придонесе за поголема заштита на животната средина и подобрување на извршувањето на комуналните услуги кон жителите“ – соопшти градоначалникот Суад Шаќиров. 

Овие контејнери со одлука на Советот треба да бидат предадени на трајно користење на ЈПКД Тополка од Чашка. Тоа потоа ќе ги распредели по населените места во општината. 

фото Општина Чашка

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати