Малку излетници за 1 мај, малку смет по јавните површини

Петар Печков

Лошото, без малку зимско време за првомајските празници, продолжениот празничен викенд од три дена, ги испразни првомајските излетнички места во велешко. Тоа пак придонесе и за помалку смет по јавните површини. За ова говорат и информациите од РЕ комунална хигиена при ЈКП Дервен.

„За трите дена собрани се три трактори, по еден од излетничките места Долна Бабуна, езеро Младост и Градски парк. Тоа се вонредни активности за собирање на ѓубре по површините каде престојувале излетниците. Во ова количество не е празнењето на контејнерите од овие локалитети, што е редовна, тековна обврска“ – информираа од ЈКП Дервен.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Петок изутрина второ авионско прскање против комарци во Велес Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати