И новото испитување на водата од езеро Младост е дека не смее да се користи за рекреација, додека не се испита присуство на цијанотоксини

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес повторно со нови испитување на квалитетот на водата од езеро Младост. Откако претходно на 15 мај извршија испитување, по само 19 дена ново проверка. Податоците не се разликуваат во однос на физичко хемиските и микробиолошки индикатори, исти се, водата од Градска плажа е одлична, водата од плажата Романтик е добра.  И заклучокот и препораката е иста, не смее да се користи за капење.

„Водата не смее да се користи за капење и рекреација се додека не се докаже од стручна институција отсуство на цијанобактерии и цијанотоксини. Со тоа би можело да се изврши комплетна проценка на безбедноста на водата“ – пишува во новиот извештај, објавен вчера, 9 јуни. 

Езеро Младост Градска плажа 
Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ОДЛИЧНА, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност, 4-та класа според со заситеност со кислород, 3-та класа по присуство на амонијак, по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршениот санитарно хигиенски увид на езеро Младост на мерно место „градска плажа 1“, се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги, зелени теписи по површината на водата, пивтиеста зелено-кафенкаста желатинозна маса како и појава на пена на крајбрежјето. ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА се додека од стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини, со што би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата

Плажа Романтик
Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ДОБРА, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност 4-та класа според заситеност со кислород, 3-та класа по присуство на амонијак, по однос на остана анати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од  извршениот санитарно хигиенски увид на езеро Младост на мерно место. „Плажа Романтик, се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги, и злени теписи по површината на водата, пивтиеста зелено-кафенкаста желатинозна маса како и појава на пена на крајбрежјето. ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА се додека од стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии но и цијанотоксини, со што би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати