Исчистена дива депонија во Шорка

Петар Печков

Вработените од сектор Комунална хигена при ЈКП Дервен денес исчистија диво формирана депонија. Таа се наоѓала на излезот од Велес на патот кон Башино село, во населба Шорка. 

„Дивата депонија е резултат на несовесно однесување на граѓаните кои својот габаритен отпад го оставаат на јавни површини. За жал, ваквите случаи не се ретки. Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го оставаат на улиците, туку да се пријават во Сектор Комунална хигиена. Иако локацијата е веќе исчистена, апелираме за активна соработка од страна на граѓаните со цел Велес да остане чиста и уредна средина за живеење “ – информираа од ЈКП Дервен .

Вработените собрале три кубици отпад, меѓу нив мебел, градежен шут, отпад. 

Ha телефонскиот број 071 229 986 може да се  закаже термин за собирање на габаритен отпад. 

фото ФБ ЈКП Дервен

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати