Зошто депонијата со згура се третира како сурована а не како опасен отпад

Петар Печков

На седницата на Советот  на Општина Велес, на која се разгледуваше постапката за издавање на „Б“ интегрирана еколошка  дозвола, присуствуваше и Бошко Ников, инженер металург и   стручњак  за заштита на животната средина.

„Депонијата со згура е жешка еко точка. Таа така не фигурира никаде во документацијата за барањето  за „Б“ еко дозвола и решавање на овој проблем. Нема во текстот дека се работи за опасен отпад, туку тоа е техногена суровина. Секаде во светот троските од преработка на  олово, како оваа во Велес,  се со назнака 10.04.01 со ѕвезда, што е опасен отпад. Штетата е направена  2016/17 кога е дадена дозволата таа да се третира како суровина, не како опасен отпад. Оваа депонија е една од 14-те жешки еко точки во Македонија. Поради нејзината големина како маса и материите кои се наоѓаат во неа, таа е на трето  место“ - кажа Ников.  

Претставникот на Министерството за животна средина, присутен на седницата,  даде објаснување зошто така  е постапено  во овој случај.

 „Согласно новите измени на Законот за управување на отпад, дефиницијата за отпад е изменета. Секој отпад кој може да служи како суровина во некоја друга индустрија, повеќе не е отпад. Затоа не се работи за индустриска обработка на отпад, туку на за суровина бидејќи има концесија од Министерство за економија“ - кажа претставникот на МЖСПП.

Од Кепс Монт група соопштија дека тие предвидуваат  на локацијата да се врши сепарација, нема да има хемиска обработка, нема да има топење, тоа ќе се вршело во топилници во  Јужна Кореја и во Албанија. На локацијата нема да останело ниту грам од згурата, освен градежниот шут.    Со новата дозвола тие бараат да се  постави  постројка за мелење и дробење на згурата, оти повеќе нити една држава во светот  не дозволувала увоз на троската.
За  досегашните четири години работа со депонијата со згура, според податоци кои Кепс Монт груп  ги доставиле до надлежните институции,  отстраниле 500 тони  згура, од ридот тежок 1,8 милиони тони. За тоа на Министерството за економија платиле 13 илјади денари.
Депонијата со згура е со тежина од околу 1,8 милиони тони, резултат на три децениската работа на велешката топилница.

Градоначалникот Марко Колев кажа  нема да издаде „Б“ дозвола се додека во барањето стои дека  ќе има постројка за мелење и сеење. Но доколку таа се повлече остане само ископ, сеење и транспорт, тој би издал „Б“ еколошка дозвола.

Концесионерот Кепс монт груп има право на жалба на одлуката а градоначалникот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати