За три месеци собрани 350 метри кубни габаритен отпад од домовите на велешани

Петар Печков


Три месеци траеше акцијата за собирање на габаритен отпад, која ја реализираше ЈКП Дервен. Поради големиот интерс наместо еден месец, таа имаше зголемено времетраење.

Во овој период од стотина дена,  од 4 септември до 30 ноември, биле собрани  350 метри кубни, при што вработените од комуналното одделение биле ангажирани со 300 работни часа. Информацијата е  од ЈКП Дерен по  поставеното прашање. Граѓаните најмногу се ослободувале од  мебел, дограма и санитарија. 

Од ЈКП Дервен апелираат граѓаните да не го оставаат габаритниот отпад на јавни површини, да не го фрлаат во  контејнерите. Поради новогодишните денови, кога акцент се става на чистењето на јавните површини, акцијата на собирање габаритен отпад ќе продолжи од средината на јануари. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати