Задименоста во градот не е поради пожар во велешко, соопштија од ТППЕ Велес

Петар Печков

Пожари во велешко нема, чадот кој се чувствува во градот доаѓа од огновите во околината, објаснија велешките пожарникари. Ова доаѓа откако по социјалните мрежи граѓаните прашуваат зошто водухот во Велес мириса на чад, но и поради повиците кон пожарникарите дали има пожар во градот. 

„Ги известуваме граѓаните дека нема простор за паника поради зголемената задименост забележана во градот. Димот кој се чувствува и забележува во Велес доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар во самиот град Велес. Нашите екипи ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот’ – соопштија од Територијалнта против пожарна единица Велес.

Во текот на денот во службата за Итна помош немало побарано лекарска помош поради задименоста која се чувствува во градот. 

Мирисот на чад и задименоста ја донесе северниот ветер, кој денес дуваше во градот.

фотографија од пожарот на Китка, над Зелениково

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати