Екологистите делеа платнени торби за пазарање, наместо -пластични кеси ( фото)

Петар Печков

 Четиристотини платнени торби беа разграбани за 20-тина минути од страна на минувачите во центарот на градот. Истите се делеа бесплатно. Велешани  покажаа голем интерес за користење на овие торби, наместо пластичните со кои најчесто пазарат.Ова акција беше дел од проектот  ,,Пластични кеси-НЕ БЛАГОДАРАМ"на ЕД Вила Зора а се одвиваше на плоштад Сармаале.

 Во рамките не проектот ,,Мисли глобално, делувај локално поделивме 400 платнени  троби од различна големина. Целта  беше да се намали употребата на штетните пластични кеси,  тие се опасни по околината се разградуваат илјада години. Најдени се нивни делови во рибите од океаните. Во Македониај се користат толку многу, што може да  се прекрие неколку пати површината на цела држава. Нивното користење не е здраво, оти се  пренесуваат вируси  и бактерии по производите кои потоа ги  користиме - изјави Ненад  Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.   Акцијата е финансиски поддржана од  проект преку ЕУ.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати