Две први места за учениците од ОУ Блаже Конески на натпреварот „Ѓубре за уметност“ 2026

Петар Печков

Учениците од ОУ Блаже Конески од Велес ги освоија првите места на натпреварот „Ѓубре за уметност 2026“ организиран од ПАКОМАК.

Учениците од прво и второ одделение  од oва велешко основно училиште, ги освоија две први места со своите креативни и уникатни изработки, кои на прекрасен начин ја претставија идејата за рециклирање и заштита на животната средина.

„Овој успех е резултат на нивната посветеност, креативност и желба да направат позитивна промена преку уметноста“ – порачаа од училиштето. 

„Секое дело носи порака за одржливост, одговорност и нов начин на гледање на „отпадот“ – беше пораката од организаторот Пакомак. 

Во категоријата нула отпад  победи трудот насловен „до последниот клик“  додека во категоријата училишта, победи трудот „еко-желка“. За овие победнички дела, создадедни од рециклирачки материјали, наградата од Пакомак е по 30 илјади денари.

Поврзани »

Соопштение за јавност

Петок изутрина второ авионско прскање против комарци во Велес Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати