Петар Печков
Објавено: петок, 01 август 2025
Водата од акумулацијата езеро Младост, не се црпи за наводнуве и полевање на околните земјоделски површини, најмногу лозје. Ова го кажаа од ЈВП Лисиче, кое стопанисува со водата.
Тие ги демантираат информациите, дека намаленото ниво на водата е поради што се црпи и користе за полевање. Објаснија дека причината е испарувањето на водата.
„Не, тоа не е точно, дека водата се користи за наводување. Водата испарува. Со корисниците кои ја користата водата, во договорот има ограничување кога таа не може да се користи за наводнување. Има две ограничување на водата од акумулацијата, кога не се дозволува да се користи. Тоа е според Законот за води, не смее вода од трета и повисока категорија загаденост да се користи за полевања и кога кота е 247, билошкиот минумум е 244, и сегашната кота е блиску до неа. На нашите увиди кои се ненајавени, покажуваат дека пумпите не работат, не сме забележале дека се користат“ – кажа Антоанета Стојанова од ЈВП Личиче. Таа е дел од Комисијата за следење на состојбата со водата од езеро Младост.
Прашањето се актуелизираше на седница на Советот на Општина Велес, кога се постави и прашањето дали се почитува забраната за капење, полевање и наводнување од водите на езеро Младост, издадена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште од лани летото. За тоа се поставени и повеќе табли со предупредување, на брегот на езерото.