Веќе еден месец се отстранува пифтиестата маса од површината на езеро Младост

Петар Печков

Ова лето, за разлика од ланското, кога целата површина на езерото беше покриена со наслаги од пифтиеста маса, на изумрени алги, трска, годинава ја има помалку. И лани имаше ветровито време  која знае да ја разнесе покрај брегот, има  и годинава.

Но  отсуството на пливачките наслаги се должи на чистењето кое еден  месец се врши со иницијатива на неколку посветени на чисто езеро. Тоа се Даниел Наумовски од Здружението на спортски риболовци Бабуна, Олгица Наумовска од ЀД Вила Зора и сопствениците на УНИ Агро Ненад и Дарко  Стојанови.

„Поставивме апаратура која ги вшмукува масите кои пливаат по површината, истата се пренесува на локација која е заштитена и одобрена од ЈВП Лисиче и потоа преработената чиста вода се враќа во езерото“ – го објасни процесот Даниел Наумовски.

Овој процес засега дава надеж дека  едно од барањата на Хидробиолошки завод од Охрид, да се отстрани масата која плива по површината, може да се реализира.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати