55 години од матурата, на велешките Гимназијалци

Петар Печков

55 годишнината од матурата, беше повод некогашни гимназијалци да се сретнат денес во Велес. Иако само 20-тина, беа задоволно што сепак се видоа, најдоа време за дружење.  

Се вели дека тие години, средношколските се најубави, но соговорниците  објаснуваат дека сите години, секоја за себе е најубава, само да знае да се живее и искористи секој ден, час.  

Овој ден, овој момент будат  убави спомени, пријатни чувства. Задоволство е на сите повторно да се сретнеме.   За жал класните раководители ги нема, починати се. Мене ми беше  Лилјана Петрова професор  по македонски. Па ќе седнеме да помуабетиме, имаме што да си кажеме,  фамилијарни слики да гледаме  -   вели  Елена Шопова  една од некогашните матуранти, која и денес беше тука на заедничко дружење.

На матурската средба дојдоа соученици од Скопје, Кавадарци, Струмица, кој можел дошол.   Сите се собраа како некогаш пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата за заедничка фотографија

Родниот град,  другарите од прво одделение. Без малку со сите учев цели 12 години, затоа не пропуштам можност да се дружиме. На што може да се сеќавам сега по толку време, на младоста, на убавината, на првите матурски. Се  тоа останува во трајно сеќавање, неубави моментни нема,  другари засекогаш.  На овие години имаме помалку време да се гледаме, ама  се слушаме по телефон   - додава Трајанка Стојкова за која за овој момент од живеењето, допатува од Струмица.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати