4-ти декември Ден на лицата со телесен инвалидитет

Петар Печков

Проблемите на лицата со телесен инвалидитет се присутни повеќе години но и натаму не се решени.  И покрај тоа што членовите  на  здруженијата кои опфаќаат вакви лица, укажуваат и имаат партнерски однос со институциите на државата, проблемите  остануваат.  

На 21-та средба на лицата со телесен инвалидите, која се одржа во Велес, претседателот Мобилност Македонија Бранислав Јовановски укажа на неколку сериозни проблеми со кои лицата се судруваат - недостиг на гинеколошки и стоматолошки столчиња наменети за оваа популација, архитектонски бариери, проблеми при вработување.  

Лицата со телесен  инвалидите и натаму се судруваат со проблеми,  на кои  подолго време укажуваме. Непристапност  на здравствените објекти,  недоволна асистивна медицинска опрема и апаратура.  Во Македонија мислам дека има само еден гинеколошки стол за   жени  во инвалидска количка, немаме доволно стоматолошки столчиња  за лица со  церебрална парализа, неможност за банско лекување на одредени дијагнози како потреба од постојано  медицинска рехабилитација а не како продолжено болничко лекување. Лицата со инвалидност ниту  се болни ниту се   неспособни. Роковите  за користење на помагала се долги. Еве конкретно за ортопедските чевли, рок на користење е 18 месеци  и толку време  треба  корисникот да ги носи и лете  и зима, едни исти на прослава и на работа. Непристапни објекти од  предучилишно, основно и  средно образование. Пристапноста не се мери само  детето да влезе, туку   дали има адаптирани тоалети, недостаток на лифтови за висински  бариери    -  рече    Јовановски.

Според  податокот кој е јавен и е  на  страницата на Агенцијата за вработување на Македонија,  од редот на лица со инвалидност на 31 декември лани имало  регистрирано 1.490 од нив 840 биле без или со основно образование, 290 со непотполно средно образование.

Бидејќи тие се неконкурентни на пазарот  на трудот и затоа од ,,Мобилност,, бараат можност за  нивна   преквалификација и доквалификација, за  овие лица да се стекнат со одредени вештини и да можат да бидат конкуренти на пазарот  на трудот, па  да се надеваат  на вработување.  Во Македонија има 9,2 илјади лица со телесен инвалидитет.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на присутните гости од повеќе градови од Македонија  им посака општество без разлики, без предрасуди, општество на  поттик и надеж   и потенцира дека секоја општина, државата потребите на овие лица треба да ги  има за приоритет, заради еднаквоста на човештвото.  

Горд сум што Општина Велес е една од општините во Македонија с о донесен Акционен план за лицата со инвалидност,  кој преставува  континуитет на Агендата   22. Нашиот стратешки документи  не се само слово на хартија, туку генератор на многу локални активности кои се реализираат со граѓанскиот сектор, со бизнис секторот и други чинители од локалната заедница.   На многумина меѓу Вас, можат да им позавидат на еланот, животната енергија, борбеноста , интелектуалните и креативни капацитети. Вие сте наши учители, затоа  што со пример не учите како се совладуваат животните предизвици, препреките и проблемите.   Вие се достојни за восхит, оти животот го живеат во покомплицирани  околности, со потешко бреме – порача Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати