300 гости на првиот Оутдор фестивал Даутица (фото)

Петар Печков

Викендов се одржа првиот  Оутдор фестивал Даутица, на кој учество земаа околу 300 учесници од земјава и неколкумина гости од странство.  Иако истовремено се организираа неколку слични  масовни настани  во Мариово, Титов Врв, организаторот е задоволен  од одзивот и присуството.  

Повеќе од 200 планинари, од нив стотина се качиле на врвот Даутица 2178 метри надморска височина,  биле присутни  и 70 бајкери. Во склопот на Фестивалот се одржа и Државно Првенство на Македонија во планинско трчање каде земаа учество 15-тина учесници.

Во отсуство на Државниот првак, Бонев Марјан од АК Велес, кој учествува на трка во Шпанија, прв беше Срѓан  Милошевски од АК Изгрев, а Трајче  Михов Т од АК Велес беше седми. Настанот е од слободен карактер без учество - котизација.

Единствена тешкотијата за дел од гостите   била каде да се паркираат големиот број возила кои пристигнале во Папрадиште.  Организаторот го радува учеството на 100-тина велешани, некои и за првпат дојдени на ваков настан.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати