10 години Фондација Фокус

Петар Печков

Размислувавме глобално и започнавме да делуваме локално. Не мотивира граѓаните желни за демократија базирана на добро владеење и одговорно општество.  Вака ги опишуваат почетоците од пред 10 години, денешните членови на   Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус,,.  

Таа ја  одбележа првата деценија на работа,  која започна со ,,Центар за поддршка на невладините организација, која потоа се трансформира во непартиска, невладина и непрофитна организација. 

 Фокус е создадена како идеја, проект на четворица луѓе во Велес, Весна Шкортова, Димче Велес,  Максим Ацевски и Убавка Јанеска.  Целта , на прво место беше граѓанинот.  Весна ја нема  денес во составот, пред една година се исели од Македонија и замина за Америка.  Зад нас се повеќе проекти,  на кои Фокус работел. Тоа се во поттикнување на филантропија, во развој на демократските процеси,  соработка со бизнис заедница,  обука на занаетчиите. Фокус се и младите луѓе која во моментов брои 30-тина средношколци. За нас и натаму останува граѓанинот на  прво место, верификација на неговите потреби,       Остануваме да соработуваме со локалната, државната власт, со граѓанските организации   и со фондациите во странство. За жал во овој момент работиме проекти само со странски организации, до домашните фондови Фокус пристап нема.  Желбата за соработка со секој, се надевам ќе биде препознаена од секој     - изјави Убавка Јаневска извршен директор во Фокус.

Таа не пропушти да  се заблагодари  на соработката со новинарите од градот,   кој според неа имаат заслуга во  работата.  Во Фондација сега работат Славица Ќучукова Николовска, Даниела Ковиловска,   Дејан Ристов,  Алексндар Стојковски,  Даниела Саздова.   На одбележувањето на јубилејот присуствуваше и словенечкиот амбасадор во Скопје   Миодраг Јазбец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати